Скопјето наше непоправливо

Од што повеќе да се чудиш? Од тоа што во Скопје возило на Брза помош треба да исчека официјална свита со питај бога која државничка баналност во неа, или од оној ајван кој се шлепаше до Брзата иако цајкан му се испречи пред кола ко кинески студент пред тенк. Ќе го гледате видеото неколку пати. Џабе.

Мрш!

Ако секое „мрш“ будеше по еден пратеник, можеби некои работи ќе му тргнеа на овој дел од светот. Боже, боже, колку го избезуми!

Дипломат имун на правила

Кога ќе помислиш дека „нема за кого да навиваш“ во скопскиот автомобилски јавашлук, се уфрлува „странскиот фактор“ и ти потврдува дека си во право.

Кога нема за кого да навиваш

Еден класичен пример за скопскиот сообраќај. Едниов (овој што снима) веројатно мисли дека е копито оној што му застана, го блокираше па излезе од кола да се објаснува. И не дека не е во право, таквите се едни од најголемите. Ама да го пуштеше да влезе во лента, тек да не загине никој?

Тома Жила да нè научи нешто за нас и нашата работа

Томе Жила е ѓубреџија од Гевгелија. Не е тоа некоја професија за која се сонува, нели? Ама Томе Жила истовремено е и зен мајстор, кој сфатил дека ако веќе човек не може да ја смени работата, тогаш може барем да ужива во неа.