Мали приземни разговори

Повод: Елон Маск создаде историја на човештвото (тука).

Посмртно убивање на ЕКВ

Ајде да речеме дека човекот пее коректно ама сè во овој контекст е бласфемично: Милан, Маги, Бојан Печар и Жика (ВД, Фирчи...) не правеа музика за таа да заврши на „Никад није касно“ (верзија на Звезде Гранда за оцвали таленти), а башка онаа пачаврата од жири која се разигра а ни рефренот не го знае. Сав мој бол, индид.

Реплика на денот

Заев: Подготвени сме за име со географска одредница.
Апасиев: Кои тоа сте „ПОДГОТВЕНИ“ бе? Ти, Кочо, Рада и Сорос-пропагандата!?