Градинарот на Скопје

Еден ко ниеден, ама важно е некој да почне. Дечкото фатил во Скопје да го прави она што сме го виделе од други краишта на интернетот. Прави видеа од запуштените градски делчиња и ќошиња  кои ги средува. Или за почетокот поддржете го за да му тргне па да види некое фајде од тоа или веднаш тргнувајте по неговиот пример. Оти оставени на „институциите“, изгинавме.    

Трите балкански митови

Доктор Семир Османагиќ (оној со пирамидите во Босна) вели дека трите најголеми митови на Балканот се трите најголеми измами. Првиот е дека сме дојдени од зад Карпатите (иако нема никаков докази за тоа), вториот е дека Албанците се единствените наследници на Илирите а третиот е за Александар Македонски, јазикот што го зборувал и културата што ја ширел. 

Поздрав од сончевата и љубезна Македонија

Девојка од Србија која живеела во Швајцарија, решава да ја напушти таа земја и да се пресели во Македонија. Дел од коментарите на „нејзините“ се класика лошотилак: не се снашла, не знае да се прилагоди, глупо е што се преселила заради климата... Ама затоа нашиве ја пречекуваат со отворено срце. А може па и ќе не биде, што знаеш?  

Упатство за бувљак шопинг

Убедливо “бест селинг” се чаирските црви. Тоа што просечната должина на овој ендемски вид на монструм од чаирските бавчи е поголема од просечната должина на рибите уловени во Вардар, Пчиња и други канализации не е битно. Продавачите гарантираат дека на овој црв обавезно “удира” мрена. Мислам дека побрзо мрената ќе ја удри инфаркт ако се сретне со овој мини питон.