Поубаво девојче од национално девојче

Наша девојка ги учи домородните Сурма деца (преслатки) од границата меѓу Етиопија и Јужен Судан да ја пејат „Македонско девојче, китка шарена“. И ете ти беља, наместо лежерно да уживаме во клипот, ние цело време се фуфкаме од некоја грмушка да не испадне Заев па да ги поправа.

Кочо Анѓушев и повластените тарифи за фотоволтаични централи

Е тоа е тоа што ужасно ме нервира: твојата сопствена влада ќе направи сè за да те дисквалификува како потенцијален инвеститор во корист на крупниот бизнис, а ти ќе направиш сè за да ги заобиколиш правилата и некако ако може, колку се може, да извадиш некој ќар од ситуацијата. Да се профилираш како играч, а не како раја. Далеку сме ние од нормален свет, мои драги браќа и сестри Македонци.

Суштината на политичкиот занает

Добивање избори, тоа е единствената дејност со која се занимаваат. Сè што треба да се случи ОТКАКО ќе ги добијат изборите, ќе го го покријат со нова кампања, која треба да го скрие фактот дека не знаат да водат здравство, образование, полиција... Имате група гласни шарлатани кои ја водат државата само затоа што плакат бил залепен на вистинско место, и бил залепен исправно, а не наопачки.