Не им го оставајте јазикот на политичарите

Од една страна, шокантен е молкот на научните и образовните институции пред ваквите јазични политики во Македонија. Од друга страна, поединците кои ја обелоденуваат вистината се омаловажени и маргинализирани.

Па прејаки сме

Пред две недели се отселиле ама цели четири години претходно биле вистински пекол за комшиите. Со зурли и тапани, со багери по улица, со фарбање на комшиските кучиња. Репортажа за комшии Македонци во белиот свет. Другиве комшии сега молат Бога во празната куќа да не се доселат некои земјаци на првите.

Собата на „Свети Џо - Бејби“

Магична репортажа за еден наш гастарбајтер кој после 32 години поминати во Америка во работа со коли и после разводот со жена му Хрватка, се враќа во стариот крај и открива една друга своја пасија - внатрешен дизајн. Во потрага е по домаќинка која - ќе видите - нема да мора да му бара пари, туку ќе може сама да си земе.

Никад није касно: Ѕвездите на Заев

На чекор сме од едно ТВ шоу од домашна продукција на кое однапред блесаво му се радуваме. Наместо она глупо Звезде гранда, да зјапаме во нешто што би се викало „Ѕвездите на Заев“ (иако нас поише би нè бендисал попрецизниот наслов: „Ѕвездите на бандата која ни го смени името“), во кое наместо Карлеуша, Марија Шерифовиќ и бркат Босанац, во жирито би седеле Кирацовски, Радмила и слични ведети кои би бирале опозициони ѕвезди по свој вкус. Како џинглови би оделе Стојанче, Љубе, Крсте и други успешни примери кои продукцијата ги црпнала и ги направила луѓе.