Преспа, маседонијалес

„Скопје ја тргна 'Македонија' од својот павиљон на меѓународниот туристички саем во Берлин“, гласи веста на еден грчки портал за тоа дека по интервенција на нивната амбасада која се повикала на договорот од Преспа, нашиве ко попчиња морале да го извадат слоганот „Macedonia Timeless“ (оној кој го гледавте по Сиенени и слично). Грците сега па уште се жалат дека ќе мора да одат по светот и вака да ни го зачукуваат. 

МАНУ, чао без збор

Во нормална држава едно школо да сакаш да преименуваш учителите и учениците ќе се побунат, родителскиот совет ќе заседава, невладините организации ќе вреват.