Кој и како го колонизира Балканот?

Погледнете ги оние видеа со Јункер и ќе сфатите дека тој човек сам не може да се среди, а не па нас да нè средува, вели еден од двајцата соговорници во врска со онаа заводлива идеја дека „ЕУ ќе ни ги среди“ овие наши хендикепирани држави. А зборуваат Саша Радуловиќ (Доста је било, Србија) и Иво Пернар (Живи зид, Хрватска). Чисто да загребеме по оние уши кои фатија бигор од паролашки заклетви кон ЕУ (кои во суштина се јако северно-корејски) или од садо-мазо напаленост од нивниот камшик.

Геле нè распара

Со навидум добронамерна забелешка (Одамна немало рапер на Офф.нет), читател ни го набаци Геле К и ние наивно цапнавме на него како на нагазна мина. Нумерата се вика „Мултиталент“, збор кој некогаш е поточно да се напише „Антиталент“. Цапнете, слободно, одамна немало рапер на Офф.нет.  Кини ги, Геле!

Малиот со тротинетот

Малиот секој ден оди на школо со тротинет. Тоа добро. Го прати мајка му, пошто е мал. И тоа добро. Онда што?