Информер знае кој го разболел Дачиќ

Озлогласениот српски Информер не известува само за здравствената состојба на Ивица Дачиќ, кому му е констатирана пневмонија на двете белодробни крила (последно: на респиратор е, има знаци на стабилизација но состојба и натаму е сериозна), туку директно влегува во најделикатната област на етилогијата, за причините на некоја болест. Еве како тие тоа научно го формулираат. 

(К)Нига

Едно слатко дете од мешовит, македонско - нигериски брак, татко му го учи зборови на наш јазик. На ред доаѓа зборот книга, збор со кој малиот има проблем да ја изговори првата буква, па испаѓа тоа што најмалку треба. Супер симпатична сцена. Македонскиов јазик некогаш е да се намачиш ко црнец.  

Тепачка на дното на српската каца

Се зарчкаа Јована Јеремиќ (чија емисија деновиве ја забранија во Црна Гора) и Бака Прасе (кому деновиве во Белград му го запалија луксузниот автомобил Брабус вреден 400.000 -500.000 евра). Обајцата важат за медиумски сојузници на Вучиќ. Бака Прасе ги коментирал изјавите на Јована за мажите кои немаат пари: „Замисли ова да ти е жена. Попрво би сакал да ми ги запалат сите коли.“

Бугарите имаат МАСА

МАСА е бугарска подружница на НАСА, меѓугалактичка асоцијација на алкохоличари што обединува суштества од целиот универзум на кои заедничка љубов им е алкохолот. Во присуство на големи количини ракија, групите на МАСА расправаат за квантни прашања и дилеми од време-простор континуумот. Можевме ние да се сетиме на ова, џабе ли го имаме она М?