Редовно годишно послание на Коста Бургов

Календарот на Бургов порано го најавуваме со наслови од типот „Стигна календарот, годината може да почне“, но бидејќи овој адет одамна е влезен во традицијата на македонскиот интернет народ, овојпат само рутински да го проследиме новиот календар и овогодинешната богоугодна порака на овој драгоцен пријател на љубителите на музиката и смртен непријател на интерпункцијата. 

Ако утре не дојде

Песната е од Гарт Брукс, пее Елена, свири Марко а текстот го адаптирал Борче. Елена признава дека има утки („Татко ми ќе се одрекне од мене“, се зеза на крајот) ама ветува „Ако дојдеме до 1.000 прегледи, ќе ја преснимиме со корегиран текст“. Ма браво Елена и вака, а браво и за вас што ќе помогнете да дојде до илјадарката, па да ги држиме за збор.

Самурајски поздрав за земјата на која ѝ го сменија името

Прашање до Заев, Димитров и 80 собраниски разбојници: За што загина Миле Поп Јорданов, клошари? За нашата земја? За да ви стане јасно, ќе мора песната да ја слушате до крај. На своите животи.