Упатство за преживување на Балкан

Супериорна и речиси комплетна компилација од митови, суеверија, легенди и трауми на кои луѓето на Балканот се изложени уште од намали нозе. Зошто речиси комплетна? Колку што забележавме, го немаат она „ако седиш на ќош, нема да се ожениш/омажиш.“ Остатотокот е драгоцена ризница, со одлични објаснувања на последиците од непридржување кон правилата.  

Фалсификат луѓе

Ако е точно дека луѓето се она што го јадат и што го пијат, тогаш ние сме фалц луѓе. Српски пратеник ветува дека дека наскоро ќе ги обелодени конкретните лабораториските податоци според кои 80 проценти од она што се јаде е пие е фалсификат: од 18 вина - 16 се фалц, од 25 примероци на мед, 22 не се мед, од седум ракии шест се фалц ракии... Ај грозје ќе најдеме, ама крава, кај ќе ја чуваме? 

Да е само Дрисла....

Деновиве Скопје се гуши во смрад од изгорена пластика, ѓубре и сè што може да се изгори за да се дојде до некој денар повеќе.  Не е Дрисла единствениот причинител, живееме сред куп диви депонии (која дива, која со истечена документација). „Тешко им е да ги најдат ама многу е лесно да седнат на Гугл мапс за да добијат слика како тоа изгледа“, ни пишува читател праќајќи ни пакетче линкови.

Осомничен предлог

Здраво Трендо,
Јас сум прв за заштита на лични податоци, ама ова е веќе смешно. Те молам погледни го документот кој ти го праќам. Му ставиле црна коцка преку лицето бе! На кандидатот за вршење на јавна функција?!? Арно фереџе што не му нацртале.