160 години т'пи и упорити

Значи има-нема, минимум 160 години Македонците им ги кажуваат и повторуваат истиве работи на Бугарите. Цели 31 година ПРЕД Јосип Броз Тито воопшто да биде роден, и цели 58 години ПРЕД да биде формирана Коминтерната. Вистинското прашање е уште колку пати по 160 години треба да поминат за Бугарите конечно да престанат со своето наци-шовинистичко лудило кон Македонија и Македонците?

Сите сме наштимани од Геринг

Прочуениот српски гитарист Крле (оригинално од Генерација 5 ама нема со кого нема свирено), влегува во тешка езотерија и тврди дека денешниот штим на инструментите, од клавирот па до сите други кои се штимаат по него, се наштимани така што нотата А/Ла да биде на 440 херци и дека тоа е наметнато директно со декрет на Геринг кој како и Хитлер бил член на окултни друштва.

Имаме апдејт на изреката „Некому мајка а некому маќеа“

Како и јазикот, и изреките се жива материја па постојано ги физиономира времето во кое живеат. Така, во оваа ера на родова еднаквост и родова флуидност, не е фер дволичниот однос кондензиран во изреката „некому мајка а некому маќеа,“ да биде фиксиран само за едниот пол, тоест за жената. Да слушнеме како звучи по ново. 

Јас сум Теша Тешановиќ

Мислите дека за љубов е потребна посветеност и трпение? Чекајте да видите за ремет што е потребно! Што се раскажува во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“ ќе видите сами во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“. Само да ви обрнеме внимание: видеото трае 10 часа.

Неопходна е дисциплинарност

Нека не прават глупости со комбинирање на предмети. Нека не градат куќа без темел, туку подобро нека поработаат на повишување на стандардите за предавањата и оценувањето ако сакаат да добијат вистинско знаење. Ова не е 1946 година за да ни требаат масовно и набрзина описменети кадри, туку 21 век, време на брз технолошки развој кој сурово казнува неписменост, некадарност и неконкурентност.

Лекција по веронаука

Молиме копиљаци да не сфаќаат ова преозбилно па да помислат дека правото тројство е „игла, лажица и упаљач“. Сакаме само да потсетиме на светите зборови на Матеј (19:24) дека „попрво камила ќе се протне низ иглени уши отколку богат човек да влезе во царството божјо.“