Од безвремена до безимена

Да се потсетиме каква беше “нашата земја“ во 2009 година и каква ја запознаваше светот преку убавите спотови кои одеа на CNN. Не само што беше Македонија, не само што беше безвремена, не само што беше, меѓу другото, и античка...туку и да се гордееш со неа, бре.

Како да земеш кредит од 900.000 евра а да не плаќаш рати со години?

Како е можно ваков криминал да помине незабележано со години? На основа на кои документи и анализи раководството од ограбената банка одобрило кредити во вкупна вредност од над 900 илјади евра на овие две високоризични и презадолжени фирми од еден ист сопственик, со континуирани загуби и многукратно големи долгови!?

Генијалната карикатура на Цицо

Италија го имаше Хуго Прат ама па ние го имавме Василие Поповиќ Цицо (1914 - 1962), театарски сценограф и бравурозен карикатурист. Погледнете го тој талент кој бил исфрлан и на салфетки и кафански есапи, во краткиот документарец по сценарио и режија на неговиот пријател, Славко Јаневски.