Џасинда Арден vs Копитото на Вашата Земја

Арден не се вози со министерот за здравство со мотори за време на пандемија во земја која министерот за здравство вели дека нема потреба од никакви мерки повеќе оти вирусот бил веќе насекаде... и се уште МОНСТРУМОТ си нема поднесено оставка и не е во затвор. Баталете, ќе ми требаат 10 дена минимум да допишам...

Изборна молба до Бугарија

Нели викендов има избори во Бугарија. Затоа, аман-заман, драги наши (помлади) браќа, памет во глава, дајте нека победат тоа социјалистите! Не дека ние нешто посебно нив ги обичаме, ама, ако не испадне по нејзино, оваа Вондер воман може голема да ја прави.

Избори во земјата на спонтани аплаузи

Пред 45 години Бугарија го потврди лидерството на авторот на одвратната бугарска наци-шовинистичка пропаганда кон нас Македонците, која во рециклирана форма безмалку катаден ја слушаме и гледаме од сите сегашни официјални и неофицијални функционери и претставници на Бугарија. Тоа го прави со предвиден спонтан аплауз кој прераснува во овација.