Тече живота, не виждаш ли?

Имаме дополнување на онаа проценка дека секоја беља на оваа планета ќе ја преживеат само бубашвабите и глупоста. Значи, да се разбереме,  и бугарските матуранти. Еве ги нив во оваа пандемиска година, спремни како и секогаш, во некоја квартална крчма да направат нешто нетипично.

Градоначалничка на Арачиново и љубител на ученичка

Нека биде ова мало охрабрување до Миликије Халими да продолжи да работи на себе и на своето образовно усовршување во кое имаат учествувано и силни амбасади, усаиди и големи војводства. Оти, уште бааги работа има тука. „Откако ја отворивме аптеката во селото Арачиново, и јас успеав неколку години, сè до мојот политички ангажман,“ стои на нејзината официјална биографија на сајтот на општината.

Македонски од 17-от век

Од книгата на Хиеронимус Мегистер од 1603 година, во која има цитати од Библијата на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Не дека е тоа нашиот денешен македонски јазик, ама па како оние комшиски пицајзли не разбираат дека и сме биле башка и дека ќе останеме башка?