Царот им ги затвори устите на сите!

Уште од спотот на Боб Дилан со Гинзберг во позадина за песната Subterranean Homesick Blues, овој вид на пауер поинт презентација со листање аналогни слајдови претставувал моќен начин да се нагласи и засили некој текст или порака. Тоа го знае и овој мега-цар кому му извадиле муабет дека е глуп. Јас глуп? Сега ќе прочитате нешто!

Судиска ноќна мора

Еве го пак овој што го имавме пред некој ден, што им вади душа на судии со сачекуши, снимање и викање. Еден од нив го има репнато со бааги отштета за навреда (на некој што овој го смета за педофил), па сега не им дава на раат ни да пијат кафе ни да одат на работа. Штета што овој жанр, кај нас го девалвираше онаа дворска будала која сега функционира како куќна помишничка.

Мајка да јаде...

Прасечко, го викаат бајадера. Прасе цицалче, без коски, наредено па исечено на коцки за секое парче месо да има и месо, и мрсно и крцкава кожичка - мртва уста да го јаде.

Сексуално образование кај Бранко Коцкица

Во денешно време, Бранко Коцкица за ова би попил серија тужби, што од родители, што од невладини. Од вториве затоа што наметнува стереотипи за жената и нејзиниот изглед  а од родителите дека на нивните мили и хиперсензитивни дечиња неодговорно им ги препорачал високо алергенските кикирики.