Кафанска (пре)сметка

Пратеник од Република Српска (Небојша Вукановиќ) начекува двајца судии од судот во Требиње во кафеана, во десет ипол сабајле. И има што да им каже, едно цели десет минути, пред да биде однесен во полициска станица. 

Идам, идам, сакам да бидам - Пивар

Ова треба да го изгледате макар само за да го видите Свето Пивара на млади години. Мислиш во секој момент ќе изговори „нот грејт, нот терибл“, согласно тој шармантен дизајн на 80-тите години кој го има и овде и во серијата за Чернобил.

Леле бе каков лажов е тоа

Зоран Заев: Инвестираме во нови извори на електрична енергија за да ја зајакнеме домашната продукција на струја и да не дојде до поскапување на струјата. Зоран Заев: Инвестициите во нови извори коштаат пари. Сакате зелена енергија? Ќе поскапува и цената на струјата.
 

Гањо ја спушти камерата

Малку е да се каже дека замина последниот Мохиканец. Гањо беше тотем на Мохиканците.