Мојот живот, накратко

Човек може да го анализира својот живот со саати и пак да не биде сигурен дека дошол до вистинските наравоученија. Овој балкански зен мудрец тоа го прави во шест секунди.

Како зеницата ни спадна на бекатон

Во екс Југославија и социјалистичките времиња, имаше една крилатица да го чуваме братството и единството „као зеницу ока свога“, демек, како највредната придобивка на таа држава и заедница. Денес се капиталистички времиња но тој завет и натаму е жив, само што највредните придобивки на оваа држава и заедница се чинат бааги девалвирани. (едит: демант од Богоев)

Излези за Северна Македонија

Да се наежи човек од ова визионерство, мудрост и државотворен сенс. Да се потсетиме на тој историски момент и купот халуцинации кои беа пласирани за да си го смениме името. Спомени како помени.