Србија, татковина на рационалното

За неуспехот на српската репрезентација во Катар: Камерун имале врачеви на терен, едната е фатена и на камера како ги руши Србите. Швајцарија исто, два албански врача и по некој од Африка, сите платени по 10 милиони долари. Сето ова на телевизија го открива српски врач, кој е лут на колегите врачеви од Бразил. Сега појасен е насловот?  

Молчиш ли мирно, Дејвиде Атенбороу?

Една сцена од паралелниот универзум во кој исто така постои серијата „Planet Earth“, меѓутоа таа се занимава со сосема поинакви видови и нивните животни ситуации. Во неа Сер Дејвид Атенбороу го нема како наратор пошто нема никаква потреба од додавање драматика. Чиста емоција.

Интервју интераптус

13 години поминале од онаа позната сцена кога Емир Кустурица во 22 минута го прекинува интервјуто со Ацо Станковиќ откако му стана јасно дека од него се бара признание, покајание и посипување со пепел. - Зошто не се огради и не го осуди Милошевиќ? - Затоа што сум слободен човек. Колку повеќе ме притискаш да го осудам, јас толку повеќе нејќам.

Ќе го обештети ли Офф.нет изгорениот делфин?

Читател се зачитал некоја наша статија и од што му била интересна, скроз заборавил на делфинот на шпорет. Па делфинот му изгорел и морал да го фрли и сега бара да му ја надокнадиме штетата. За присуството на делфинот на македонските трпези се размислувало и на највисоко ниво. А и со кит да не претерувате, жгаравица прави.