Покојна Елизабета купуе кацига

Дуци е урнебесен затоа што перфектно ги гаѓа стереотипните особености на ликовите кои ги гради (јазикот, темите, реакциите, нивниот поглед на свет, стандардните узречици...). Ова пак, е урнебесно од сосема обратна причина. Затоа што е погрешен ликот, тоест во телото на кралицата е ембедиран духот на балканска жена.

Бугарска лежерност

Бугарска телевизиска екипа начекува стар чичко кој случајно ја „издрпнал колата“, додека ја вадел „за да не оди никаде“, имал 1,8 промили алкохол “од една чаша вино“ и не е точно дека се зачукал во шест коли.  Важно е на проблемите да се гледа со насмевка.

Лајбах во Сараево, 1995

При крајот на војната во Босна, Лајбах одржаа два концерта во Сараево, во објектот на Националниот театар, една од ретките згради во градот која не беше унаказена. Го прогласија Сараево за територија на Neue Slowenische Kunst, делеа пасоши и патем на домаќините им кажаа неколку збора за Европа.

Кој реално има ќар од внесувањето на Бугарите во македонскиот устав?

Наидовме на бугарскиот историчар Димитар Атанасов и неговото неодамнешно гостување на бугарски Еуроњуз. Стамен, храбар и пред сè неотруен човек, решен на тамошната јавност да ѝ каже неколку непријатни работи. „Многу ми се сака мојата страна во оваа ситуација да е невина, но, не е“, вели Атанасов. Шуќур!