„Три пати амин“ е за шмизли

Нели тоа трипати амин е дифолтно за целото православие? Не и за овој српски поп и собраните верници. Тие имаат поинаков поздрав за Кадиров. Може не е по стандарди ама им звучи некако - поударнички. Значи ова Србиве се чудесија.

Вучиќ од фрижидерот

Млада двојка која чека бебе гледа телевизија, таму нормално, Вучиќ. Девојката оди кон фрижидерот и вика: уште од фрижидер нема искочено. И од фрижидерот искача Вучиќ! И ќе помислиш дека е ова опозиционен спот, ама не бе, на Вучиќ е! Сосе најјакиот крај.

Приказни од дивиот исток на северната вукојебина

Урнебесно забавна е оваа земја, само да имаш нерви да ја поднесеш. ТВ прилог за штипскиот градоначалник кој со полиција принудил во збег крадци на дрва. Нормално, народ сега ќе се раскара дали така треба или е безвезе толку помпезно да се гони сиромаштија. Ама па, овој народ и за Тома се раскара. 

Алберт, извини

Се извинуваме што не знаеме кога овие две фирми, тесно поврзани со Алберт Муслиу, ќе го вратат вкупниот долг од речиси 800 илјади евра во Еуростандард банка во стечај и за истиот ќе платат и законска казнена камата за изминатите година и половина од кога Еуростандард банка е затворена.

Интервју за македонско државјанство

Не дека не ги знаеме овие работи, ама овде се фино спастрени во едно мало комплетче. Убаво е кога ќе видиш дека и странци те имаат хакнато и влезено во сорс кодот. Чисто за зауздување на чаламот.

Зошто Голф е идеален за балкански простори?

„Откако смесата внимателно ја сипавме во резервоарот, моторот весело забревта, а од ауспухот се ширеше пријатен мирис кој благо потсетуваше на уштипци...“ Башка мулти-функционалниот гепек, гаџетот за сообраќајна сигурност, лесната продажба...