Како се слави нова кола во Бугарија

Купиле Ауди, модел RS7 (во кеш!) и тоа не може да помине туку така. Славеници се Пако Рабани (?) и неговата драга Преслава. Перформансот го води фристајл рапер и кларинетист кој повремено на Аудито му свири „на увце“. Девет факинг надреални минути трае видеото! Ете, и овие не се во устав па ги уживаат правата кои ги сакаат, кој им брани на овдешните Бугари исто вака? 

Ивица и неговиот Инстаграм

Ивица (нагалено: Ивца) е воин, специјалец, диверзант, чувар на имот, транс-шарпланинец (со задача да ги спаструва овците) и е под постојана обука која има за цел да го одржува нивото на неговата лутина и лудило. Инстаграмот на Ивица го води Босанец кој е несуден фудбалски коментатор.

Селективната поетика на Чет ГПТ

Читател решил да провери дали е верно она што го пишавме за AI, Трамп и Бајден (дека не му се пишува поема за Трамп, ама за Бајден ска проблем) па решил да го провери ботот со истата задача, за Груевски и Заев. Исто! За Груевски нејќе пошто бил вмешан во корупциски скандали, оти Зоран - едно евро за Вицето-  Заев има една монашка биографија. Не би да сме параноични, ама... 

Гоце е македонски херој? Да, точно.

Муабети со вештачка интелигенција.