Фрчко е со народот!

Може има водоводџии па се мафта со нив (во Њујорк да не ти влезе водоводџија дома) ама кај и да е, човекот треба да се очекува да застане во првите редови на актуелните протести против мизерното коленичење пред Бугарија. Слушнете ги овие негови златни, вонвременски зборови.

Просто е нереално со што се занимаваме

Од утрово, а не па од дедо и прадедо, да се идентификувам со одредена нација, никој нема право да ми ревидира припадност, јазик, држава и историја.

За процедурите и размазеното обвинителство

Кога судот конечно ќе се одважи и ќе тресне со раката на маса дека ова повеќе нема да го толерира? Кога јавно и директно ќе го погледне обвинителството во очи и ќе му рече: Вака не може, вака не се работи! Одете сработите како што треба, па дојдете пак со докази!

Средба со уфрлените

Токму тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, пендреци и да тргнат на нас. Но не ми паѓајте драги мои, 50.000 нè има секој ден, 50.000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички позадини да донесеме некого на власт туку да падне актуелната која планира да го прифати францускиот предлог и да нè осакати за век и веков.

Владата почна да го храни народот

Нарачајте храна во Влада, бадијала е. Фотељашите имаат кафе за само 6 денари, тост за 40 денари а рамстек за 180 денари. Примаат нарачки, само со испораката треба некако да се снајдете. Најдобро е ако сте им во близина, одма тука пред нив, секој ден. Телефонот е 02 3118-022 (локал: бифе). Слободно кажете, зборено е со шефот.  

Првото доаѓање на администраторите

Сцена од епизодата „Кукавицата кука Хитлер да испука“ од драгоцената ТВ серија „Досие Скопје“. Имате што се сонувало во бугарскиот парламент, имате снимки од нивното курчење овде, имате живи сведоци на тоа време, што сакате бе повеќе? Ако некој е спремен Стево, Колозова и слични организми да го преебат уште еднаш како кога ни го сменија името, тогаш заслужил до крајот на животот да одживува реприза.

Предлог за името

Апасиев го нарекол Пендаровски "вошка". Пендаровски вели дека не му се допаѓа тоа. Апасиев одбива да се извини и продолжува да го нарекувa "вошка". Како објективен човек сакам да дадам предлог.