Сакате да ја знаете вистината за Косово?

Во четвртина век откако се потпиша Кумановскиот договор со кој се прекина бомбардирањето на Југославија, се искристализираа две непомирливи верзии за она што се случи на Косово: а) тоа беше сценарио на кварните западни империјални сили со газење на меѓународниот правен поредок и б) тоа беше неопходна интервенција за заштита на човековите права. Ништо од тоа. А ѕвездените капии? 

Ракијата како суплемент

Витамин Д плус К2, железо, магнезиум и цинк, витамин Ц, калциум... Сè се тоа витамини, минерали и елементи кои телото ги нема доволно. Списокот не завршува тука. По генијално лудата идеја во данскиот филм на Винтерберг со Мадс Микелсен (Another round), човекот има вроден дефицит од 0,5 промили алкохол во крвта. А имаме и наш човек кој со децении внесува јаки количини од суплементот.    

Колку боли домашното воспитание

На оваа снимка со анкета на основци од 1981 година за тоа дали знаат да јадат ќотек по дома, ќе има две основни реакции. Првата реакција: „Тажно, добро е што ова време помина“ (со аргументи за прогресот). Втората реакција: „Така беше. И што ни фалеше?“ (со библиски аргументи дека ќотекот од рајот е излезен). Одберете страна и фаќајте да се карате со оние другине.