Што нуди Варна за 10 фунти?

Британец нашол соба во Варна за 10 фунти и сега покажува колку е тоа шкарт и никакво. Додуша да, ама што очекувал црепот за тие пари? Плус, ракија му оставиле во собата! Во коментари со право го растурија во следна прилика да покаже што може да најде за 10 фунти во Британија.   

Ендру Тејт за малку ќе бил убиен во Македонија

Бил кај нас со пријател, им се пуштиле на неколку женски, дошол локалец, почнал да се буни. По мала чарка, за среќа, се повлекле. За несреќа локалци утредента им дошле во хотел. - Дојдени се да те убијат. - Хехе. - Немој хехе, во Македонија сме.

Бугарска работа

Ќе им пишеш кои се на сликата, ќе им ставиш знак на сајтот и не бе, пак ќе лажат.

Рецепти од вистинскиот грчки шеф

Јанис Каливас (на интернет: The Real Greek Chef) e еден грчки бабачко кој неколку години живее во Австралија и „зна знање“. Знае тој и фенси-шменси, но нам ќеф ни прави со приземни и познати јадења околу кои Јанис има фини детали кои треба да се пробаат. Плус, кога ќе пише дека ќе прави празопита, јасно ти е дека се работи за пита со праз.