Овде ќе чуете првпат за

Знаете како Цацко раскажува филмови, така? Знаете и како раскажуваат оние легендaрни наратори како Морган Фримен или Дејвид Атенбороу. Но, сакаме да знаете и како тоа звучи кај Вујса, во неговото крајно лабаво царство. Тој воопшто не е како другите. Кај него приказните се сосема.

Дуци е цар. Точка.

Дечкото го знаете од Фчерашни каде што во целата таа креативна екипа, тој беше МВП. Вонсериски талентиран, сега нашол еден сосема поинаков формат, ама кога те бива, те бива. Урнебесен е и ја прави моментално најсвежата мк содржина на интернет. Пократко кажано, рикаме ко магарици.

Мислиме дека имаме хит - Македонката

Пошто ние уште не сме најосвестени што тоа видовме и чувме, да пренесеме еден Јутјуб коментар на песната на Невена, скратено НЕВ. Вика: „Прекрасна песна, со толку реално избрани и вистински зборови.“ Реално избрани, бе.

Слушнете го вие него

До сега ни беше малку незгодно што со пеење успева да нè наежи оној малиот Марко Бошњак со неговата срчана интерпретација на „Што те нема“ од Јадранка Стојаковиќ. Сега фативме да се ежиме од едно уште помало дете кое филигрански суптилно ја пее „Не куни ме мајко“ од Луис. Стануваме ли тоа ние тешки лигли?