Нека донесат пари од дома па нека ги задоволуваат коалиционите партнери

Тука има работа за еден силен адвокатски тим, којшто би ја тужел државата затоа што со години ги тера 1,6 милиони жители да плаќаат за украдената енергија од споменатите 180-ина илјади жители.  Во случај на судски неуспех ова би требало да се турка и до судот во Стразбур, за конечно да престане намирувањето на коалициониот партнер на секоја власт со народни пари.

Шварци ќе го женат

Прејака сељачка синхронизација на филм со Шварценегер на најшармантниот дијалект на српскиот, оној јужњачкиот од линијата Ниш - Врање - Лесковац, фамозниот српски бермудски триаголник во кој исчезнуваат падежите. „Ту где црнац гурне дупе, ту куче прво апе.“ Нема друго, ќе се учат реплики на памет.