Дали го најдовме „Пато, масовно“?

Многу време има поминато од виралната сензација на Он.нет објавена во дајал-ап времето па не можеме да сме сигурни дека е тој, ама поштени луѓе ни тврдат човекот е „Пато, масовно“ химселф, најголемата македонска мистерија после „Ристе од Припор“. Ако е така, одлично се држи човекот, синтаксата му е драстично подобрена а фобијата од камера надмината. Баш ни е ќеиф! Ај баш видете?  

Британски увоз на албански банди

„Зошто толку многу криминални банди доаѓаат од Албанија?“ е прашањето на кое одговор бара репортажата на Скај Њуз. Краток одговор би гласел: бегаат од еснафската конкуренција во стариот крај. Островот мака мачи со бандите кои се фамилијарно/клановски/племенски организирани па, исто како и во сицилијанските, во нив тешко се пенетрира. А во меѓувреме го диверзифицираат портфолиото.