Жмурки во српскиот парламент

Го обвинуваат парламентарниот спикер Владимир Орлиќ (од на Вучиќ, нормално) дека намерно им дава збор на опозиционите пратеници кога ќе види дека не се присутни во салата, само за да им пројде редот. Орлиќ стандардно „со индигнација ги отфрла неоснованите обвинувања,“ ама овие му направија камај. Еден му се скри под клупа!

За Румен Радев е 'она на Ш'

Живописниот хрватски изумител, уметник и заебант Живојин Мириќ, меѓу другото се занимава и со дизајн на автомобили, особено онакви со винтажен шмек. Од четири Шкоди направил една долга шклопоција која е толку урнебесно смешна и грда, што природно му дошло да ја нарече „Бугарска претседателска лимузина.“

Како се слави нова кола во Бугарија

Купиле Ауди, модел RS7 (во кеш!) и тоа не може да помине туку така. Славеници се Пако Рабани (?) и неговата драга Преслава. Перформансот го води фристајл рапер и кларинетист кој повремено на Аудито му свири „на увце“. Девет факинг надреални минути трае видеото! Ете, и овие не се во устав па ги уживаат правата кои ги сакаат, кој им брани на овдешните Бугари исто вака?