Усул малку

Може ли малку тишина бре? За фамилиите на загинатите. Останатите нека покажат сочувство со оние сега навистина кои жалат до небо. И доволно е. Боро како пријател на спортот, љубител на животните, другар на растенијата, визионер, неимар, темелник... Дојдовме дотаму што воспитан човек денес и да сака да проговори, нема да го направи тоа само за да не се најде во исто друштво со сиот шљам кој деновиве изби на површина.

Постои и задоволен Босанец

На прашањето како е задоволен од животот, човекот како од пушка одговара: Презадоволен! А потоа додава дека во моментов, нема подобра држава од Босна, и за живот и за работа и за ќеифи. Постои само еден гео-детал кој треба да се знае за приказната да биде комплетна.

Седете Цивил, не е ова за вас

Во фото финиш на процесот во Лондон од кој зависи дали Асанж ќе биде екстрадиран и ќе скапе во американски затвор, Едвард Сноуден го упати следниов апел “До секој политичар и новинар (ви рековме?): Не можете да го спасите Навални. Но Асанж сè уште можете. Ако молчите сега, кога можете да влијаете на исходот, никогаш не ви било до принципи, само сте се надевале на аплаузи“.

И ние имаме „Ноќна мора“

Благодарејќи на поплавата од подкасти која потсетува на некогашната манија за отворање „пица на парче“, “скара на кило“ или “салатари“ (искрено им посакуваме да не завршат така), се појави и нешто што малкуцка замирисува на нашата најомилена емисија на просторите на екс Ју, феноменалната „Ноќна мора“ на Жељко Малнар. Мотивите им се различни од оние на Шева, Јаран, Брацо и компанија, ама нивото е тоа.

Македонскиот јазик е неуништлив

Како и секој мал јазик, македонскиот се наоѓа на ветрометина на разни удари. Копиљациве зборат на оној хибриден македонски/англиски како што некогаш зборуваа само нашите гастарбајтери па им се ругавме, сè помал е интересот за проучување на јазикот (прашајте на Филилошки), на Бугарине никако да им пројде меракот... Наспроти сето тоа, јазикот ни е жив и секогаш при јазик. Само треба да се создаде ситуација која ќе го оживее.