Ванковска: Може ли без крвожедност?

Возрасните бараат “крв” од дете. Врескаат за монструми кои се раѓале. Да им дадете власт , сега гилотина ќе ставеа во центарот на Белград. Без морална вертикала, без систем на вредности, без компас. Повеќе се секираме за политичките битанги отколку што гледаме каде ни растат децата.

Двеста евра

200 ебени евра немало во оваа ебена држава (која штотуку му фукна преку 100 милиони на Бехтел уште на нефрлена лопата) за да му се плати превоз на македонски професор кој со години го има натопувано хрватскиот академски простор со љубов за македонскиот јазик и литература. Докажаниот македонски пријател Горан Калоѓера, кому оваа и оваква Македонија одамна му ги тенчи нервите, грми и и беснее со право.