Како можат Словенците вака да живеат?

Србин не може да се изначуди на тоа колку различно изгледа Словенија во однос на појужниов дел на Балканот. Никаде кладилници, никаде пикавци (луѓе одат дури до корпа за да фрлат пикавец, еј!). Ниедна застаклена тераса ни од ѓутуре поставена клима а зелени површини толку што, да им дојде некој наш градоначалник од типот на Стевче, има да дели маркици за градба ко сликици од Светско првенство.

За обвинителките Срам и Арам

Не може тоа така обвинителки. И вас има кој да ве обвини, а тоа е вашиот газда - граѓаните на Македонија и јавноста која будно го следи целиот процес. Работата ја оставивте незавршена, многу прашања неодговорени. Знаете и самите. Ние ве плаќаме, нам ни одговарате. Нека ова е последен случај во кој полицијата и Обвинителството се замислуваат дека се богови и дека можат баш сè - па и да стрпаат невин татко во затвор.

Патот на донираните патики

Германски ТикТокер донира патики во тамошен пункт на Црвен Крст. Само што, претходно во патиките става ГПС локатор за да види каде ќе завршат. Ако сите патишта водат кон Рим, сите секонд хенд патики водат кон Босна. За само пет дена. Дечково фаќа превоз и ја лоцира продавницата во Цазин како што му вика ГПС-от. Ги наоѓа и патиките. А во дуќанот горди што сета понуда им е германска.