Косовскиот кошмар се враќа како зафрканција

Косовска реклама за KFC. Добро. Ама, како луѓе кои нема што не виделе лошо на интернет, не можеше мелодијата искористена во неа, да не нè потсети на еден дамнешен текстуален и аудио злостор кој го имаме објавено пред точно десет години. Ќе поверувавме дека сосема сме го заборавиле. Не бре брате, се упекла песната во нас, само чекаше некој да ја разбуди. Сега пак со недели ќе нè прогонува Арменд Мифтари.

Шведска, немири, здраво

Кој воопшто го есапи светот, кога фино си ја имаме Македонија. Нели е таа доволна да ги задоволи нашите дневни потреби од вести, минерали и олигоинформации? Кататонично концентрирани на самите себе, се однесуваме како како куче што сред улица посветено си ги треби болвите околу јајцата и нема блага идеја дека во тој момент кон него пичи Сканија, и тоа од големите.