Поглупо нешто одамна немаме чуено

Не тврдиме дека нема поглупо. Само ние не сме чуле. А небулоза до небулоза: толку поскапува сè што оној на миналец не може веќе да биде ин (?), човек мора слепо да оди во компании кадешто ќе му дадат поголема плата (да, а?), светско зло, мрежа на идеал... Девојката треба да направи стенограм од оваа нејзина блесава логореја и за казна, сама да проба да ја сфати.

Шумадиски дарк метал

Овдешните медиуми може сега ќе пишат дека Мирослав Илиќ уствари нема да биде глумен Роберт Де Ниро туку од Ози Озборн.

Немој ти мене за Скопје

Темата дали старото Скопје е поубаво од новото, ја наметнаа луѓе кои не можат да живеат без кавга. Тоа им е духовна храна. Во минатото читаа само некролози по бандери, а денес читаат само Фејсбук. Сега чичо Бато ќе ви каже: Градот треба да се сака како дете. Од бебе па сè до староста.