Се потресов многу, ама не од можните "крадачи на органи", туку од нашето човечко слепило. На нашиов народ му е полесно да верува во хај-тек вадење на органи без лузни, отколку во депресија.
Отруени сме еј, абе отруени сме, немаме осет за чувство ни за себе, ни за ближен...а таа депресијата, толку подмолна. Во Вардар влече.
Ќе се организираме на протести, ќе викаме, урламе и свиркаме пред собрание...за што?! Од болка? Дека не сме биле таму или тука кога требало?! Овие луѓе не барале протести... барале мир. Бог нека им го даде, кога тука не можеле да го најдат.
******
Секој ден, одново, се повеќе и повеќе луѓе исчезнуват, се повеќе и повеќе онлајн потерници.
Да прекинеме да ги третираме депресијата и манијата како кул твитер хаштагови.
Потражете стручна помош, укуражувајте ги другите да потражат, разговарајте со луѓето, не паметувајте со совети прочитани од копи-пејст портали за мода.
И забравете на фразата 'ај бе ништо не ти е, таков е дено, ќе се опраеш'. Тоа е исто како на астматичар да му кажеш 'ај бе диши, не си прај филм, шо глумеш'.
Заебете уроци и бајачки, сериозна е работата...
********
Додека стигнат ваквитe пораки до Твитер, тие веќе се ретардирани: