Ќе средиме брат. Еве средивте.

Ако сите потпишале дека ова може да работи ко дискотека тогаш може да се самораспуштиме ко држава. Сепак, некој потпиша за автобусот дека беше исправен, некој потпиша дека модуларната беше безбедна. Некој оваа шупа ја има легализирано ко диско/ноќен клуб/кабаре.

За ова да се нарече дискотека треба да се поминат следните институции:

1. Издавање на лиценца за работа:

• Министерство за економија – Издава лиценца за вршење угостителска дејност за ноќни клубови, дискотеки, кабареа и други објекти од овој тип.

• Општините – Локалната самоуправа издава одобрение за работа, во зависност од урбанистичките и безбедносните услови.

2. Контрола и инспекциски надзор:

• Државен пазарен инспекторат – Врши редовни и вонредни контроли за почитување на законите, како што се работното време, дозволениот број гости и условите за работа.

• Државен инспекторат за труд – Проверува дали вработените работат во согласност со трудовото законодавство.

• Инспекторат за животна средина (локално ниво) – Надгледува дали клубовите ја почитуваат регулативата за бучава и заштита на животната средина.

• Полиција (МВР) – Го контролира редот и мирот, проверува безбедносни мерки, влез на малолетници и дозволи за работа после полноќ.

• Противпожарна служба – Врши проверки на противпожарната заштита и евакуациските планови.

Ако сите овие потпишале ова да може да работи ко дискотека тогаш може да се самораспуштиме ко држава. Сепак, некој потпиша за автобусот дека беше исправен, некој потпиша дека модуларната беше безбедна. Некој оваа шупа ја има легализирано ко диско/ноќен клуб/кабаре.

Корупцијата, партиската благодарност, "јас ќе ти средам брат" ликови и сите останати небитни клошари кога ќе се обесат на државна цицка и глумат величина ја закопаа државата. Неуки, дрски, неморални и комплетно незапознаени со етика луѓе работат на позиции кои треба да ни гарантираат стандарди и безбедност во градби, во транспорт, сегде, на сите нас. Ќе средиме брат. Еве средивте.

Ина Многуфина

16 март 2025 - 14:39