Видео од Анима Мунди:
На ова бевме сведоци. Белото комбе, кое се испостави дека се води на Општина Гостивар, во раните утрински часови (околу 6 часот), во населба Козле, пред десетина дена истовари десетина кучиња кои немаа појма на каде да се движат. Глутницата нападна мачка, почнаа да ја растргнуваат (среќа преживеа), соседите излегоа надвор за да видат што се случува и ги разбркаа кучињата. Глетката беше морничава! А не се случува прв пат и не е само во една населба.
Добар начин за решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња. Премести ги, па нека му ја мислат други. Градоначалникот Валбон Лимани е должен да даде одговори, бидејќи за ова има снимки од голем број граѓани.