ЧетМКД: Јас сум влезен кај Александар Македонски

Да замислиме дека Македонија и нејзините патриотски ИТ таленти успеале да развијат автохтон модел на вештачка интелигенција, некаков ОпенМК или ЧетМКД, специјално вежбан на домашна пара-литература и митови, со намера денес потклекнатиот Македонец да го вдахновува со неговото славно, исконско и херојско минато и да му дава чувство дека што поназад се враќа, така посилен станува.

Му го задаваш следниот промпт:

„Напиши ми есеј со наслов „Јас сум влезен кај Александар Македонски“ кој ќе биде сведоштво за средба со него на нашинец од Тасманија, Австралија. Да се спомнува енергија, медитација и телепатија (THELEPATY), да содржи наредба „воскрсни Македонијо“, да се внесе бројот 2 и буквата Ц (кирилично) и задолжително, собата во која стои телевизорот да се нарекува „телевизорна.“

Две минути подоцна, ЧетМКД ти го вади ова: 

* Преземено од развојната AI лабораторија: SCIENTIFIC KNOWLEDGE OF FORBIDDEN HISTORY OF MACEDONIAN CIVILIZATION

18 февруари 2024 - 11:02