Не ломите ми багре...

Поранeшен министер за надворешни работи на Косово тврди дека „Не ломите ми багрење“ на Балашевиќ не е обична балада туку подмолна песнa против Косово, а нејзиниот автор да ти имал расистички ставови кон Албанците.

Вака оди тоа.

Флоријан Бибер (политички аналитичар од Луксембург, со години се бави со балкански прашања) на Твитер ја става песната „Не ломите ми багрење“, во чест на починатиот Балашевиќ.

Се јавува Петрит Селими да му објасни и да му ги отвори очите. Кој е Петрит Селими? Косовски политичар, кој своевремено беше и министер за надворeшни работи на Косово. Тој за песната го вика ова:

„Оваа конкретна песна беше дел од злокобната антиалбанска пропаганда ласнирана од  белградските центри, а Балашевиќ глупо ја голтна во 80-тите години, градејќи моментум за да се анулира косовската независност.“

Потоа нуди дел од интервју со Балашевиќ за да ги прошири обвинувањата:

Мои драги пријатели што сте фанови на Ѓорѓе Балашевиќ, ако не сте знаеле, Балашевиќ подлегна на антиалбанската хистерија во 1989 година, а неговото мислење дека „таму има некое зло“ го обои неговото творештво. Тоа не е мој проблем, тоа е ваш и тоа голем проблем. Тој (Балашевиќ) имаше непоткрепени и речиси расистички погледи кон Албанците.

Во eдна друга песна, Балашевиќ ќе каже:

Ne volem
Zatucane, gratis, kravataše
Hipohondre što se plaše
Da dobiju rak od razmišljanja

Ne volem, onda
Krvoločne pse i gospodare
Nađubrene trotoare
Maskirne, kad navale na pendžer

Ne volem
Lopuže što voze tuđa kola
Znaju azbuku do pola
Miču usnama dok sriču pejdžer

I ne samo da ih ne volem
Nego malo ih se i gadim.

 

20 февруари 2021 - 11:39