Бузлуџа е 1441 метар висок врв на Стара Планина, Бугарија. Местото е поприште на историската битка меѓу бунтовниците на Стефан Караџа со Турците, што некогашните соц. власти го искористија како повод да го изградат најмонументалниот бугарски споменик на таа идеологија. Денес Бузлуџа изгледа заборавено како мома за која ни е срам да признаеме дека некогаш сме биле вљубени.