Книготека, отворено!

Здраво книгољупци,

Нашите полици за книги конечно се достапни за буричкање.

За почеток, во неа се нашите стари френдови, Дарко Митревски, Румена Бужаровска, Ѕоф, Јовица Ивановски Џованоти и издавачот Слово кои ги повлекоа своите дела од претходната дестинација и дојдоа на повторна дружба со нас.

За стартот обезбедивме и три нови наслови:

* Маалски приказни на Синиша Станковиќ

Замислете летно попладне во Влае, кога куќите се со ширум отворени прозорци, вешот слободно се ниша на слабото ветре, а комшијата по кој знае кој пат во неделата ја пере колата, облечен во рамбовка и пластични влечки, од оние кафеавите. Вие со ѕидарското пивце само си седите, и фаќате сеир...

* По свое на Бранислав Саркањац

Како да се зборува за Македонија, да се покаже револтот спрема референцата FYROM и да се зборува „по свое", а пак да се биде издржан и аргументиран а не само навивачки настроен.

* Друга страна на Илија Упалевски

Значајно не само како документ за македонската театарска меморија, туку и како специфичен модел за естетска (а зошто да не и етичка) анализа на театарскиот израз во Македонија.


Книготеката е ОВДЕ

 

6 април 2012 - 17:46