Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги отвори уписите за студенти од Македонија: Поблиску до британска диплома преку престижниот кампус во Солун

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги отвори уписите за академската 2025/26 година, нудејќи им уникатни можности на идните студенти од Северна Македонија, меѓу кои и најважната - стекнување британска диплома во Европа.

Со седиште во Солун, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк испорачува британско образование во регионот, овозможувајќи им на студентите да се стекнат со престижна диплома, без да заминат во Обединетото Кралство.

Како официјално лиценциран кампус на Универзитетот Јорк во Европа, правно воспоставен во Грција, кампусот ги нуди академските програми на реномираниот британски универзитет преку три факултети: Факултет за бизнис, Факултет за компјутерски науки и психологија и Факултет за право и хуманистички науки.

Во академската 2025/26 година достапни се додипломски и постдипломски програми  кои се изведуваат на англиски јазик од следниве области: Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки, Англиски студии, Комуникации и дигитални медиуми. 

Додипломските студии траат четири години, додека постдипломските програми се со времетраење согласно конкретната студиска програма.

Студиите се истражувачки ориентирани и целосно усогласени со британските академски стандарди, комбинирајќи теоретско знаење со практични и технички вештини што директно одговараат на потребите на глобалниот пазар на труд. 

Академската 2025/26 година претставува нова можност за македонските студенти да станат дел од глобална академска заедница и да изградат кариера според меѓународни вредности.

Универзитетот Јорк рангиран меѓу топ универзитетите во светот

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк испорачува академски програми во шест земји низ Југоисточна и Источна Европа и во регионот Кавказ, претставувајќи уникатна можност за стекнување британска диплома.

Со запишување на Европскиот кампус, студентите стануваат дел од академската заедница на Универзитетот Јорк, една од водечките британски институции за образование и истражување и членка на престижната Russell Group, која обединува 24 водечки универзитети во Обединетото Кралство.

Универзитетот Јорк е рангиран меѓу топ 8% универзитети во светот и се наоѓа на 154-то место според Times Higher Education World University Rankings 2026, како и меѓу Топ 20 универзитети во Обединетото Кралство.

Стипендии за студенти од Северна Македонија

Особено значајно за македонските кандидати е тоа што и оваа година се обезбедени можности за стипендирање, и за додипломски и за постдипломски студии. Со тоа, престижното британско образование станува подостапно за талентираните млади од Македонија.

Уписите се веќе отворени, а заинтересираните кандидати можат да ги пронајдат сите детали за условите за аплицирање, школарините и студиските програми на официјалната веб-страница на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

Линк до веб страницата 

(Комерцијален текст)

19 февруари 2026 - 12:52