Од топ 5 лигите сите откажаа, со се втори и трети лиги се разбира. Нема фудбал ниту Австрија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Шкотска и скоро во цела Европа. Со други зборови џабе ќе го отворате билтенот, иако уште се наоѓа по нешто.
Ни стигна мејл од извесен Перо кој вака ни пиша на кусо: „Во Италија вака играме“. Добивката му е за почит, а уплатата 150 евра. Наредил 11 пара кои на кладилничарски речник се викаат сигурици. Брависимо.
Махерот одбрал 4 утакмици, ама ги уплатил 4 пати во 3 различни кладилници. Доста фина добивка нема збор, ама и уплатата не е наивна. 100че ставил, не такво какво што мислите.
Со оглед на тоа што е викенд, дај жртвувајте барем едно 50че. Ако упали, од следен викенд давајте и по 100че со се билтен во рака. За вас останува уплатата и исплатата.
Дополнителниот „Празничен бонус“ од Sport Life, кој можат да го добијат членовите на СЛ клубот со нивната СЛ клуб картичка, на овој играч му донесе 56% бонус за вкупна добивка од 195.918 денари.
Дечкото е добитен, 100% добитен со фото и видео доказ, ама Европската куќа на ракометот направи несфатлива грешка на мечот Македонија - Украина. Не му го признаа четвртиот гол на Талески, а чист е. Кладилниците се водат по статистиките на ЕХФ и така махеров неправедно стана малер.
Како што го крстил махерот, така го објавуваме, како тикет за мерак. Без разлика дали е навивач на Јунајтед или не, стварно е мераклиски да закачиш вакви квоти.
Царот си одбрал поштено само три утакмици, ама како баш овие само тој си знае. X-X 3+ е ултра тешко за фаќање, а тој фатил две и пол. Барнсли - Бристол Сити му завршува 2:2 и тоа со израмнување на домаќинот во 94-та минута. Каде е проблемот? Гостиве воделе 0:1 на полувреме со погодок во 43-та минута.
Ја фаќа Словачка – Велс нерешено и Казахстан – Кипар ГГ3+ од кои секој би избегал во билтен. Но вистинската мајсторија лежи во тоа што го намирисал првиот стрелец на Македонија – Словенија, за потоа да го посака и среќа со пеналот во 94-та минута за добивка од преку 4.000 евра. Мераци.
Додека синоќа сте се нервирале што Борусија - Барса заврши компир, Челси дома ја оплеска и Ливерпул не ја даде ГГ3+, го имаме обложувачот на денот. Можеби не му е многу полн џебот, колку срцето и ќеифот.
Колку треба да си оптимист дека фудбалски земји како Албанија, Молдавија, Луксембург и Црна Гора може да ти ги даде 3+ второ. Абе понекогаш е тешко 3+ цела да погоди човек, а не па само во второ и тоа на квалификациски. Плус противнициве не им се велесили. Браво Дуле, комарџија добро познат на редакцијата.
Немаме тука тикет со спектакуларна добивка, ама имаме малерај до сега невиден во Офсајд. Обрнете внимание на последната утакмица. Играл во живо еден, значи САМО еден гол да падне у прво и паѓаат 10, сите во второ полувреме. Неверојатно.