Кога веќе нејќе ГГ, ГГ3+, гол у прво, два у второ, ГГ1 или ГГ2, да пробаме вака. Освети ја Боже кладилницата и моли се за поголеми квоти, може ќе почне да дава.
Манчестер Сити синоќа се иживуваше со третолигашот Бартон, му излезе со прв состав во полуфинале од Лига Куп и го демолираше со 9:0. Го имаме махерот на колото (ова на колото е премалку, ама не ставаме на сезоната ради малата добивка). Веројатно никаде на друго место на планетава немало ваква уплата.
Махерот им влегол домаќински без многу импровизирање со разно разни игри на голови, туку со 13 фикса и два двознаци, а малерот замислете фатил 28 пара, една му е утка и една одложена. 28 комада ги кружел.
Екипите на Уни Банка и Џонсон Мати славеа победи во последнот ден четвртото коло во Бизнис лигата на Македонија, а Македонски Телеком и Аџибадем Систина одиграа без победник.
Со предвидување на 3 гостински победи и голови во мечевите меѓу Џенова-Парма, Реус Депортиу-Гранада и Академика-Есторил во неделата, типувач од Велес си обезбеди 247 пати поголема добивка од влогот т.е. со 1 000 денари заработи над 4 000 евра.
Тикетот ни стигна викендов, ама не е одигран викендов, туку во средата кога имаше Лига на шампиони. Секоја чест за храбрата уплата која затоа пак му донесе доста сочна исплата.
Академија Пандев на првиот осминафинален меч од Купот на Македонија го тресна второлигашот Брегалница на гости со 2:6. Ама па видете сега ова. На реваншот дома губи 0:1, коефициент 21. Некој и ја уплатил, ама не знаеме на колку пари. Хмм...
Нервирајте се вие денеска и гњавете ги другарчињата како вчера ве заебала само Барса, само не заборавајте дека и тие некогаш може да изгубат, само прашање е кога. На овој на пример изгледа како Леганес да му бил сигурен кец.