Разно

Субвенција си бескрајно

Два скриншота од објавениот конкурс за субвенционирање музика. Еден од одбиените, еден од прифатените. Најдете ја разликата.

Револуционерна донација

Ќе ви ја раскажеме приказната ферски ама мислиме дека на крај сепак ќе испадне дека бараат пари за свадба.

Кога Бајрам се жени

Вие правете си бајрам на паметот ама Амди знае како се слави животот. Дошло време да жени еден од внуците, и имаме слика од подготовка на малата веселба на политичкиот лидер на Ромите и вонвременски партнер на секоја македонска коалиција на власт. Деценија на Ромите, индид.

Црногорски плакат за помош на Србија

Денес прескокни кафе. Вечер кладилница. Утре бурек. Ним им значи.

Љубовната приказна на Емилија и Бојан

Некои нови ветришта дуваат во жанрот "свадбени видеа". Ова е приказната за Емилија и Бојан кои се среќаваат во салон за виљушкари (на Холивуд ова не би му текнало) каде што таа работи а тој се прави заинтересиран да си купи нешто. Хемијата е тука, виљушкарите се тука, а за среќа, по првата разделба, Емилија се затрчува да го стигне Бојан за да му даде - флаер. Хмм.

Блаже ги има парите за Тибет!

Ние мислевме се зеза а тој уплатил 1.000 евра на сметката на струмичанецот!

Да го пратиме Блаже на Тибет!

Пред сите нас се пружа уникатна историска шанса: можеме на Тибет да пратиме еден струмичанец а од таму да ни се врати Александар Македонски! Еве за што се работи:

Иселеничка самовила

Иселеничка самовила? ВТФ? Е, ајде де, ѕирнете па објаснете ни вие, пошто така сам се нарекува. На почеток мислевме дека дечкото ќе презентира некои козметички препарати ама бргу ги откри своите вистински намери: да ни направи комплетен козметички третман, со шминка.

Семакедонскиот крал на политичките прогнози има само 21 година

Преку нашата алатка за погодување на новиот состав на македонското Собрание беа пополнети преку 161.000 парламентарни седишта. Имаше трупови, имаше добри резултати но како што рековме, крал може само да биде еден. И еден е, бидејќи утнал само едно седиште.

Ај малку да се сакаме со Македонија

Никогаш не е доцна повторно да се заљубиш во Македонија. Посебно кога ќе се загледаш во нејзини фотографии, одбрани од некои си јабанџии во кои се врежал впечаток дека е тоа "величествена земја која изненадува". А ако сме одучиле да се изненадуваме, онда сме стварно некако греота.

VMRO on my mind

По нас, оние на Минчо имаа најдобар музички избор во цела кампања, што е права штета бидејќи бадијала изгоре одлична песна. Пендаровски исто имаше супер песна со која се таргетираше гласачкото тело кое ќе се здобие со право на глас за едно 10-12 години. ВМРО не остави некој посебен аудио печат а за да не испаднат тие најнекреативни од сите, се погрижија двајца нивни фанови.

Да ја преплавиме Виена со македонско шише

Нашата Јасна Салих учествува на еден виенски конкурс за дизајн на шише. Паричната награда е скромна но затоа имаме можност да ја преплавиме австриската престолнина со 10 милиони шишиња (!) кои ќе бидат потпишани од една Македонка.

Финалните резултати

ВМРО-ДПМНЕ 58
СДСМ 36
ДУИ 15
ДПА 7

Ева, сонување музика

Ева Куциновска како мала сакала да свири усна хармоника. И научила таа да свири меѓутоа живеела со баба која и забранувала да губи време со тоа. Денеска Ева има 79 години. И го има Јован да ја прати на гитара.

На Даре јакната

Предговор: Даниел Кајмаковски станува новиот музички херој на Македонија. Лудилото оди дотаму што некоја блесава тинејџерка практично си ја уништува раката испишувајќи го неговото име на неа. Е сега, одиме на вториот херој, нашиот Даре Лешоски. Тој минал сјебана вечер по Скопјево во која завршува без јакна (му ја џапнале). И искрен каков што е, на ФБ им се насерува на оние скопјани кои му се правеле фраери. Тоа повлекува еден куп дрн-дрн критики... и еден одличен  заеб.    

Ацо Поповски сака да биде запишано

Ми пишува на Вајбер Ацо Поповски, од Истанбул. Вика: "Брат ми (така се викаме, откако некој стварно помислил дека сме браќа), сакам да ти пуштам еден текст, ти види дали е за објавување кај тебе". И ми го пушта текстот. И текстот - не е за објавување кај мене. Ама, го имате.... 

Перформанс на македонски начин

Светот ја слави и воспева Марина Абрамович а ние да сме ти имале уште поголемо злато перформерско, само што ретко кој го знаел. Следнава -  комплетно надреална! - видео сеанса е дело на легендарниот македонски господин Томислав Маниќ (Црвени рози, за вас, мадам) а на сетот ќе познаете уште неколку познати ликови (каскадери?) од кои го издвојуваме носителот на епското перче, господинот Реџеп Пампур. Сè за уметноста!

Сподели храна

Идејата е овие кутии кои се поставени на места каде често има бездомници а истовремено и голема фреквенција на луѓе, да се користат постојано-едни луѓе ќе остават нешто за јадење, други ќе се послужат. И така во круг.

Провиденца, Даниел Кајмаковски

Прилог на ТВ Орбис за една детска хистерија разгорена од гласини дека новиот пејачки идол на Македонија ќе се укаже и во Битола. Не е фер да ви кажуваме спојлери. Како што умно прогнозираше репортерот од местото на настанот:" Дали Даниел Кајмаковски ќе се појави или не, времето ќе покаже".