Разно

Каков коктел сака Скопје?

Ниту луѓето во Скопје преферираат автомобили сами по себе, ниту луѓето во Копенхаген преферираат точаци сами по себе, ниту луѓето во Варшава - јавен транспорт сами по себе.

Дијагностичката врата на македонското здравство

Нема тука многу за скандализирање (би нè ужаснале оние кои би 'одма да се најде докторката и да се обеси'), само прикажува една апла тажна реалност и секојдневие на македонските здравствени одаи. На претставник на „збеснатите пациенти од Битола“ му ја открива тајната дека таа знае што му е на човек уште кога ќе се појави на врата. Па браво.

Жед за истражувачко новинарство

Дали може да направите статија, кај е и што прави Вики - Летна шема?

 

Шутка и натаму дава шампиони

Не може боље од ова! Анимиран филм од децата од центарот Филео од Шуто Оризари, водени од полскиот волонтер Халина Вјослав. Се вика „Љубовна приказна“ (иако поише е за мачката) и е најдражесното нешто кое ќе го видите денес. Прејако, браво дечурлијо скопска!

Слобода за македонскиот афион

На македонското земјоделие не му требаат субвенции туку слобода за одгледување доходовни култури.

Последните денови на Силјан Штркот

Важечка лектира за седмо одделенците меѓу македонските ученици. Видое Подгорец, преработка на „Силјан Штркот“. Веројатно последен пат со оваа реченица.

Некои прашања не заслужуваат осум одговори

Референдумско прашање треба да е јасно, прецизно и недвосмислено, за да може човек да го одговори со Да или НЕ. Во она прашање што сега циркулира, има 3 прашања и 8 можни одговори. Башка што договорот не е меѓу Грција и Македонија туку меѓу Грција и втората страна.

Паја патак време и Телетабиси за НАТО

Не мора да си на бетоно (дека шо секое сабајле кршам лешници), доволно е да си на троседо дома и за помалце од 12 саати напраеш скоро 7000 прегледи со кур-ташак десет стиха за сиромашната истина... Те у такво паја-патак време живееме... А не е убаво, луѓе Rondo 100's пушат!

Македонска Стрелба обзнанува

Нам ни е јасно дека со невлегувањето во НАТО победуваат грчката, српската и бугарската страна, кои не сакаат никаков прогрес на македонската нација, но сепак влегувањето во каква било меѓународна организација треба да биде со КРЕНАТА ГЛАВА а не НАПУПЕН ЗАДНИК.

Дозволете да ми да се налутам

Пред сами да се повикате и да си ја дадете улогата да ја образувате рајата што се тоа навивачи, колку се опасни, бедни и штетни, отидете барем еднаш на некој натпревар. Видете од прва рака за каква супкултура станува збор.

Репортажа на Пинки од срцето на Европа

Хрватска го има Горан Милиќ, кулинарскиот свет до неодамна го имаше Ентони Бордејн а нам за патеписец ни се падна Илија Секулов Пинки, еден јужњачки шарм со црвста анти-корпоративна подлога и гео-политички заклучоци од типот: а) Европа ќе нè голтне како правосмукалка и б) во Европа не растат пари на дрво. Тоа е.

Еве каде лежел зајакот

- Гледаш дека ти се допаѓа! Тоа ти е име!
Навистина тоа беше име.
И оттогаш малечкиот Зоран како да стана голема и важна личност. Не дозволи никој повеќе да го вика со неговото старо име.

Дарко Митревски: Засекогаш моја. Никогаш Северна!

Кога таму се слави независноста и идеалите за слобода, правда, еднаквост, национален суверенитет и личен човечки интегритет, овде поразите се слават како победи и се чини дека сè ни е лесно да смениме, само не да се смениме самите себе. За еден ден кога нас ќе нè нема, а кога нашите правнуци ќе посакаат да стават рака на срце, на тоа помислува Митревски во својата крајно лична и емотивна порака, стравувајќи дека тој наш пород нема да не спомнува како заклетва.

Кога ќе се накркаш дроги на поле

Зошто нас ништо не ни е јасно од оваа верско-прехрамбена- политичка халуцинација ќе ви објасниме со само еден стих „Народе македонски, гледајте со што се хранат коњите божествени, ниту бензин ниту друго им треба“ (?!?). А тек па кога ќе чуете како звучат овие божествени ликови! Ниту слух ниту друго им треба.

Крунскиот доказ дека не сме антички

Погледнете ја онаа планктонска маса која деновиве брани нешто што не се брани, оние што се спремни да проголтаат цокула и да ти кажат дека бифтекот е одличен, оние кои одеднаш почна да се оградуваат од себе и тоа што со децении го мислеле и верувале, оние кои те тераат да зјапаш во небо само за да не ти текне дека ти држат кал под нозете, оние кои се истрачаа пред нивните богови за сега да го јадат срамот за век и веков.... ОК? А сега одиме до Демостен и тогашните Македонци.

Песна за лавот инвестициски

Пишурија е како времето знае да ги испретумба контекстите. Му ја пуштате оваа песна на некој странец, му ја преведувате од збор до збор и на крај, кога ќе ве праша, а кој е тој човек за кој се пее, му викате: „Еден советник за странски инвестиции“. На дечково му станува јасно дека никогаш ништо од овде нема да му стане јасно.

Еднооки за името

Некоја прастара пропаганда на Еднооки со која ширеле неоснована паника дека може да го смениме името, па пази богати, во Северна Македонија! Кај ли ги копале ваквите небулози, руска ли служба ги плаќала?! Мајку му, овде не може некој да се заебава толку колку што некој е спремен да не се заебава!

Кога Грците се побунија против Македонците

За Филип, Александар и цела таа фамилија нас нè боли уво точно колку за Ким, Кло и целиот клан Кардашијан. Ама кога со политички декрет некои ќе им се доделат на едни а забранат на други, декрет потпишан од двајца премиери од кои барем за едниот од прва рака знаеме колкав му е капацитетот за географско-историски прашања (тој за Прличев мислеше дека е од Велес), ти доаѓа од инает да ја рушиш новата идила.

Пријавете го овој кај Грците за иредентизам

Од нашиот највисок законодавен дом, во најфрагилните моменти на македонско-грчките односи, координаторот на пратеничката група на СДСМ неочекувано извика: „Македонија е една!“ (на крајот на излагањето додаде: „И една ќе биде!“). Или на тој човек ништо не му е јасно што деновиве се случува па на ауто-пилот го вергла она што го вергла, или пак си мисли, ако во оваа мала Македонија, за 9 месеци тој успеал да земе 9.454 евра евра за патни трошоци, како ли ќе му тргне живеачката кога на државен трошок ќе ја шпарта таа цела „една Македонија“!?