Балканштина

Што рече Химлер за Тито, а што Тито за Бугарите

Софија најави вето (од мојов да правиш длето) со ванземаљски глупа изјава на Захариева:  „Скопје не може да сака во ЕУ, а да го слави Тито“. Уот? Ене ги Хрватска и Словенија, се тркалаат од смеење. Ама, без нервози, Захариева е само лакеј на една држава која никогаш не знаела да погоди права страна (види: Знаете ли дека Бугарија ѝ има објавено војна на Америка?). Кога ние бевме партизани, тие беа германци, кога ние бевме тито, тие беа сталин,  а кога ние ги имавме Азра, Идоли и Пекиншка патка, тие имаа, што, чубрица? Ја сфаќате ли вие таа фрустрација?

Христофор Ѕавела за Каракачанов

„ВМРО, тое Македонија. А ВМРО не е Каракачанов. Ако некој има стадо овци, тој може да оди и да ги пасе. За тоа има и семејна традиција па може да стане прочуен овчар“.

Браќата дознаа за еден поинаков „бугарски воз“

Бугарскиот ТВ коментатор Георги Коритаров имаше доблест тамошната јавност да ја соочи со еден крајно неудобен факт за нивната актуелна офанзивност: факсимил кој докажува дека бугарската држава ги платила билетите за воз за над 4100 Евреи кои од Македонија биле протерани во логорот Треблинка. Од вкупниот број депортирани Евреи, речиси 600 биле деца на возраст од 4 до 10 години.

Колективен православен имунитет

Цел свет следи препораки од СЗО, овие следат протоколи од СПЦ. Црногорскиот владика на Српската православна црква, блажено се упокојува од коронавирус и онда побожен нарад и младина доаѓаат да му целиваат чело, раце и слично. Хмм. Додуша, поради објективни околности, Амифолохије не е во можност да испушта „корпускули кои лелујаат во воздухот“ (копирајт:доктор Караџовски), ама пак бе?

Да му веруваш на дедо Џеј

Го прашуваат Џеј што би му рекол на својот омилен внук ако некој ден би му дошол и би му кажал дека се дрогира. Не го знаеме омилениот внук, ама малиот треба да е среќен каква водилка има во животот.

Сарајлија на денот

Од неодамна во Сараево им зачукаа казни (250 евра) за неносење маска на отворено. Од обврската се ослободени само спортисти кои тренираат. Така ли? ОK, дисциплината која овој спортист ја тренира е „трчање покрај цајкани на ултракратки патеки со зембиљ во рака“.

Бугарите си ги најдоа корените и ние им се радуваме за тоа

Да не рече некој дека одиме контра сè што доаѓа од Бугарија, еве да се придружиме со честитки кон овој нивен свечен настан на „откривање на прабугарската јурта“. Што е јурта, ќе праша некој наивен Словен. Зборот доаѓа од туркиските јазици и означува дрвена конструкција обложена со покривки, живеалиште за номадските народи во степите во Монголија и Средна Азија. Мили наши соседи, ви посакуваме никогаш да не ги заборавите и да не се откажувате од своите корени.