Балканштина

България като циганска държава

Сажаљеваме ама така гласи оригиналниот наслов на овој бугарски ТВ прилог за репортажата на монтипајтоновецот Мајкл Палин од Бугарија. Со хроничен проблем околу авто-перцепцијата, нашите соседи се скандализирале што Палин кај нив видел многу Роми. Пошто тие себе се гледаат саде аристократи като Каракачанов и саде префинети като Борисов.

Македонија и Босна, исти какањ

Прво слатко да се изнасмееме што во гратчето Какањ во Босна и Херцеговина, локалните власти приредиле свечено отворање на - контејнер. А потоа горчливо да се потсетиме дека ние овде баш и немаме многу кредит да им се смееме на други. 

Си бил еден косовски татко на две деца....

Наим Мурсели од Косово е 29 годишен татко на две деца кој се претставува како политички советник и претприемач. Горд признава дека ги потрошил своите заштеди за да го откупи најскапиот и наголемиот болборд кај приштинскиот аеродром. За што? За да му посакал на Трамп брзо опоравување. Леле еден ден кога ќе пораснат децата....  

Вежба за курчење

Почеток на курчење кое може да води кон улична/кафанска тепачка има свои препознатливи ритуали. Главата заканувачки ја цимаш напред-назад (ко гулаб) и поставуваш прашање на кое и не му треба одговор. Кај Србите, тоа е „шта је било?“, кај нас „што сакаш бе пичко?“ Да повежбаме.

3,2,1.... анкета!

Новинарска екипа трола плебс со прашањето што мислат за тоа што Александар Вучиќ решил, заради Сиријците, српските деца да мораат да учат арапски броеви! И да се покаже дека нема живот на Венера, ние би да пробаме. 

Малку ни е

Кристално јасна порака од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов: Вие се согласивте да си го смените знамето, да си го смените името, што се правите мутави за историјата?