Рецепти од вистинскиот грчки шеф

Јанис Каливас (на интернет: The Real Greek Chef) e еден грчки бабачко кој неколку години живее во Австралија и „зна знање“. Знае тој и фенси-шменси, но нам ќеф ни прави со приземни и познати јадења околу кои Јанис има фини детали кои треба да се пробаат. Плус, кога ќе пише дека ќе прави празопита, јасно ти е дека се работи за пита со праз. 

Свински ребра

Потребно: свински ребра, кромид, лук, ловор, мајчина душичка, димен и сладок пипер, коцка супа, луто пиперче, балсамико, црвено вино, сок од домати, сок од портокал, мед.

 

****************

Школки во сос од сенф

Потребно: школки, пиперки (нека биде шарено), буковец, сенф, бело вино, сирење, магдонос, копар.

 

****************

Пилешки крилца со мед и сенф

Потребно: крилца, вода, зејтин, лук, коцка супа, сенф, оригано, сол, бибер, лимонов сок, мед, мајчина душика, рузмарин.

 

****************

Пита со праз:

Потребно: вода, брашнo, сол, вински оцет (!), зејтин, праз, млад кромид, путер, јајца, сирење. (видеото нема звук)

**************

Лигњи со спанаќ

Потребно: лигњи, спанаќ, блитва, млад кромид, кромид, анасон, лук, домати, лимон


****************

Кадаиф со ореви и фстаци:

500 грама кадаиф
200 грама здробени ореви
50 грама лебни трошки
80 грама фстаци
лажичка цимет
половина лажичка морско оревче

За шербетот:

700 грама бел шеќер
50 мл ружина вода
1 лимон
1 стапче

**************

Заборавено јагне

Бидејќи доаѓа време на Велигден и јагнешко, а околу јагнешкото се плетат секакви митови (те да се марининира во ова-она, те да се остави во кисела вода...) кај Јанис тоа е просто:

На постела од праз, лук, моркови, целер, рузмарин и мајчина душичка, ставете посолено и забиберено јагнешко, турете зејтин, супа и црвено вино и заборавете го 6 до 8 саати на 140 степени.

Се разбира, никогаш не очекувајте дека ќе ви излезе баш како во Мрзенци.

**********

Јанис на Фејсбук е овде, на Инстаграм овде.

29 март 2023 - 10:07