Најпознатото италијанско шоу „Le Iene“ кај кои ако си учесник или им го прифаќаш хуморот или ти доаѓа да им ја шлапнеш една, го чачнаа Синиша таму каде што најмногу боли. Клучната улога во измамата ја одигра жена му.
Македонската фудбалска репрезентација е веќе во Анталија каде ќе одигра две пријателски средби со Финска (23-ти) и Азербејџан (27-ми). Илија Несторовски и Александар Трајковски почнаа да се загреваат со баскет. Иле имаше 3/3 од линијата за слободни фрлања, Шекил на времето едвај едно гаѓаше.
Што ли му се случи на Кристијано Роналдо годинава? Дечкото подиве. Во ноември месец беше поефикасен само од напаѓачите на Беневенто, а сега во 2018-та има ист број на голови со Милан и Арсенал. Пазете колку цели екипи.
Напаѓачот на чилеанскиот клуб Универзидад Консепсион, Жан Менезес така вешто изглуми пенал за својата екипа во 85-та минута од мечот против Коло Коло што заслужено го доби Оскарот за сезонава.
Џермејн Ленс важеше за еден од најталентираните фудбалери на неговата генерација во Англија. Брз како ветер, страшен спринтер, ама ништо од тоа не важи кога стариот Адебајор ќе се заинаети.
Една од најнеочекуваните и најкомичните ситуации викендов на фудбалските терени се случи во Австралија. На толку судии и луѓе од организација, Гркот Коста Барбарусес се нафати да лепи мрежа на голот. Па добро зарем немавте столче на лагер?
Македонскиот голгетер Адис Јаховиќ кој денеска полни 31 година, не можеше да посака поубав родендески подарок. Влезе место Самуел Ето во 72-ра минута и во 94-та го крена цел стадион на нозе со многу штосен погодок од слободен удар. Вешто го измами и живиот ѕид и голманот за многу важна победа на Коњаспор од 2:0 против Кајзериспор во борбата за опстанок.
Првиот неделен натпревар од Серија А донесе спектакл, кандидат за гол на сезоната и историски подвиг, сето тоа благодарение на еден од најдобрите напаѓачи во моментов во Италија.
Мохамед Салах ја игра сезоната од соништата. Синоќа го потури Ватфорд со 4 парчиња и им избега 4 гола на Меси, Кејн, Кавани и Имобиле кои имаат по 24. Оваа забавена снимка е одличен приказ за тоа дека цела одбрана не може да излезе на крај со него.
Радува голгетерската форма на Иван Тричковски во пресрет на пријателските средби на Македонија овој месец против Финса и Азербејџан. Македонскиот репрезентативец го постигна деветтиот гол сезонава, а неговиот АЕК Ларнака славеше против Омонија со 3:1.
Италијанските претставници во ЛШ ги добија најтешките можни противници на денешната ждрепка во Нион. Јуве налета на Реал, а Рома на Барса. Навивачите на Рома се отворија со разни шеги на своја сметка и тоа бајаги.
На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лига на шампиони. На толку силни екипи, се знаеше дека ќе има некое финале пред финалето.
На првото видео што го објавивме тренерот на Лацио од многу радување беше готов да се струполи на земја и некако до некаде се задржа, ама затоа овој пат го направи падот на годината...
Навивачите на Милан веќе неколку кола по ред паѓаат во еуфорија на една нивна песна. На рефренот од таа песна наместо АЦ (Италијанците го викаат Ачи) Милан, синоќа навивачите на Арсенал пееја Оспина. Фино звучеше.
Арсенал го елиминираше Милан во осминафиналето од Лига Европа откако синоќа славеше на вториот дуел со 3:1. Милан поведе и бркаше барем уште еден гол за 0:2, што ќе значеше продолженија, но потоа на сцена стапија судиите.
ЦСКА Москва го направи најголемото изненадување на осминафиналните мечеви од Лига Европа откако со победа од 2:3 на гости го совлада Лион. Во дербито на вечерта Милан го загуби и реваншот од Арсенал, а Борусија не успеа да му возврати на Салцбург.
Фудбалерите на Милан го загубија и вториот осминафинален натпревар во ЛЕ од Арсенал, а дамка на натпреварот фрли судијата кој досуди непостоечки пенал само 4 минути откако Италијанците поведоа на Емирати. Топџиите потоа направија пресврт и славеа 3:1.
Некогашниот напаѓач на Лацио кој многу подобро се снаоѓа како нивни тренер, блескаше од радост кога Лацио поведе 0:2 во Киев и го завери пласманот во топ 8 од ЛЕ. Ама изгледа кондурите му клизаат како копачките.
Стефан Ристовски од клупа ја следеше драмата во Чешка која можеше да ја решат во 90-та минута ако Бас Дост не промашеше пенал. Лацио се извади за ремито во Рим, а во следна фаза патуваат и Атлетико Мадрид, Марсеј и Лајпциг.