Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче и е меѓу подобрите во тимот. Во текот на неделата Елмас на Твитер го објави подарокот кој го добил од Луис Суарез, дрес со автограм и посвета, најверојатно благодарение на Мартин Шкртел кој со Уругваецот играше во Ливерпул.